Категорија

Култура

regular

Критична маса #62: Заспана контрола – сообраќај чудовиште!

По 62 пат велосипедистите го превртуваат Скопје, окупирајќи ги улиците со барања за поголеми велосипедски права и еднаквости на улицата. Овој пат се возеше под мотото „Заспана контрола – сообраќај чудовиште!“. А како се одвиваше овој настан и што претставува тој дознајте подолу.

regular

Instagraphy на Paratissima: Како си поминавме на нашата прва одржана панел дискусија

Пред речиси еден месец, сосем случајно не исконтактира Кристина од Paratissima.
Муабетот одеше вака: „Дечи ептен кул ви е ова што го работите со #Инстархитекти, многу интересно е. Јас сум Кристина од Paratissima и сакав да ве прашам дали сакате да направиме некаква соработка.“

Си се договоривме на пиво, си направивме муабет и ни даде простор да бидеме дел од овогодинешната програма на Paratissima #4.
После малку размислување за што да зборуваме, јас и @dbl.dzo се спогодивме тоа да биде под наслов: „Суштината и моќта на Инстаграм како платформа за креативци“

Она што значеше предавање го поделивме во две полувремиња:

  • Прво Полувреме: Кориснички насочен Инстаграм
  • Второ Полувреме: Маркетинг моќта на Инстаграм и бизнис профилите

Она што го зборувавме и дискутиравме се развлече на речиси 2 часа дискутирање, а она што позитивно, ама најпозитивно не изненади, беше присуството на публика што ги надмина нашите очекувања и дефинитивно фидбекот на публиката на нашите прашања и загатки.

Да не должам премногу. Има и фотки да видите како тоа изгледаше. Благодарност до волонтерите не Paratissima за фотографиите и до публиката.
Се надеваме дека наскоро ќе имаме уште некоја ваква кул панел дискусија.

 

regular

Сите за Гоце – хуманитарен концерт

На 28.05.2017 (недела) во Ретро Бар, Прилеп, ќе се одржи хуманитарен концерт за малиот Гоце од Битола. Гоце Марковски е 13 годишно талентирано момче од Битола, љубител на музика, свири на пијано и е член на пливачкиот клуб во Битола.

Организираат добро познатите The Hounds, алтернативен рок бенд од Прилеп, заедно со браќата од електронското дуо Cyrillic, исто од Прилеп.

@instagraphy.net_