Инстаграм воведе нова опција

0
200
views

 

Инстаграм воведе нова функција со која се подобрува организација. Станува збор за нова опција наречена „thread“ со која коментарите ќе бидат многу подобро организирани и полесно ќе се следат.

Пред воведувањето на „thread“, одговарањето на коментари на „Инстаграм“ изгледаше вака: со притискање одговор се означува личноста на која ѝ одговарате, а потоа вашиот одговор оди на дното под сите коментари и е прикажан како најнов.

Бидејќи ваквото коментирање создаваше конфузија, а расправите на профилите со поголем број следбеници беше невозможно да се следат, направени се неколку измени, па одговорот се појавува веднаш под коментарот на личноста на која ѝ одговарате исто како на Фејсбук 🙂 .