Ако досега сте го виделе само на YouTube, можеби не сте знаеле дека покрај правењето видеа, тој е и голем љубител на фотографијата. За тоа од каде тој црпи инспирација и како ги доживува фотографиите, ќе прочитате во ова интервју.

Преку овие кратки прашања ви нудиме можност да го запознаете светот на Иван Ајнштајн и да уживате во неговиот хумор.

1. Зошто Ајнштајн?

– Види, у главном Иван, али надвор од дома евентуално Аки. Тоа научничкото име ми датира уше од копиљ. Нема благе везе со коефициентот на интелигенција, уште помалце со степенот на образование. Во основно бевме неколку деца кои повеќе нè интересираше учењето отколку жени, шеми или било какви пороци. На сите нас „бубалици“ ни беше доделен прекар на некој филозоф или научник, сè со цел да нè навреди. Така, некој беше Сократ, некој Никола Тесла, а јас бев Ајнштајн. Повеќето од нив се навредија, а мене баш ми беше интересно. Мојот доделен прекар стигна до тој степен што луѓе почнаа да ме запознаваат и да не знаат како јас правилно се викам. И сеа вака си останав за да знае народот отприлика за кое створење се работи.

 

2. Што најмногу сакаш да фотографираш?

– Тебе. А коа не си ти тука, сакам да сликам најбезвезни работи шо никој никогаш не ги забележува. Уствари преку фотографијата сакам да ги оживеам. Да ѝ покажам и на ‘рѓосаната бандера дека и таа длабоко во себе крие уметност.

3. Со што најчесто едитираш слики?

– Па у последно време у Paint.  Пошо сакам предизвици. А едитирањето у Paint бара вештина. Помина времето кога пробував рандом комбинации на Lightroom, ја оживував фотографијата во Photoshop и ја праев као демек уметничка у нашиот највечи фраер у маало VSCO. И не ме прашувај за омилен инстаграм филтер, ‘cus there’s no such thing as добар инстаграм филтер.

 

4. Која ти е омилена дестинација каде би сакал да појдеш и да фотографираш?

– Па ќе фотографирам ако не доживеам епилептични напади од возбуда ко ќе отидам у Јапонија. Од коа знам за себе гледам аниме и многу сакам да му напраам една фотосесија на Гоку. Се надевам коа ќе ми праи муабет ќе има титлови под него.

 

5. На твојот профил забележавме дека порано си објавувал и смешни видеа. Зошто престана?

– Судниот момент беше коа се пребацив на Јутуб, пошо ме излажаа дека пари се праеле таму. Башка тогаш можеше максимум 15 секунди видео да се тура на инстаграм, а ја не успевав да се доискажам за времетраење од еден подолг прдеж. И така, сега можам да кажам дека периодов Јутуб ми е број 1 окупација у животот.

 

6. Освен јутубер, исто така си и рапер. Кажи ни нешто повеќе околу тоа.

– Абе ако почнеш да набројуваш, јас сум сè што дозволува да си ја искажам уметноста без цензура. Не ти е потребен некој посебен талент за да постигнеш нешо шо имаш желба да го направиш. Клучни работи се инспирација и посветеност. Така што, може да се каже дека не се гледам веќе толку многу како рапер, туку рапот го доживувам како музика во која можам да интерпретирам буквално секакво чувство и да искажам мислење коешто не би било исто разбрано само ако го кажам на говорница или напишам во твит.

 

7. Од каде црпиш инспирација за сè што правиш?

– Од крстословки.

 

8. Кој би победил во тепачката Гоку против Супермен?

– Со оглед на тоа што и двајцата не се од оваа планета, а Гоку ти е маафакер шо нема лимит на моќите, Гоку. Гоку, те сакам. <3

 

9. Омилен стих од Аца Лукас?

– Далитијeмамареклаголипупаксдијамантомкадсевидипозиванасекс РЕЦИ!

 

10. Што би сакал да чуваш како домашно милениче?

– Еднорог. Да ми прди виножита под кои ќе можам да поминам и да станам богат.

 

11. Како за крај, прашај нè ти нешто нас, да не се осеќаш ко да си на распит.

– Дали има резервирани паркинг места за нехендикепирани луѓе на параолимпијада?

Додека ние го бараме одговорот на неговото прашање, погледнете некои од неговите најубави фотографии:

Баба не се чешла. #фотонанеделата #инстаграмџии #vscomacedonia #vscoballkan #instagraphytk

A photo posted by Иван Ајнштајн (@ivanajnstajn) on