Денес ви ја претставуваме инстаграмџиката @donnaoctober или Дона Неделковска која има свој блог и е љубител на хорор филмови.



1. Дали секогаш имаш зацртано во себе што ќе фотографираш?
– Секогаш имам визија и замислен концепт за тоа што сакам да фотографирам, бидејќи сметам дека концептот е тој што на фотографијата и дава подлабоко значење. Светот е преполн со моменти кои спонтано можат да се доловат на една слика и да изгледаат убаво, но кога однапред имаме зацртан план и приказна, фотографијата добива поинакво значење.
2. Ако би имала предизвик да се претставиш себеси преку една фотографија која би била таа и зошто?
– Тешко би можела да се одлучам за една. Сите мои фотографии имаат скриена порака за моите моментални емоции и мисли и во секоја фотографија оставам дел од себе.
Но сепак кога би требала да бирам, во моментов мојот избор е оваа фотографија, бидејќи претставува контрадикторност, нешто што многу добро ме опишува.
3. Колку време дневно поминуваш на твојот блог?
– Колку што ми дозволуваат обврските, секогаш различно. Сепак станува збор за хоби и повеќе се посветувам во слободно време и тогаш кога имам мотивација.
4. Како би го опишала својот Инстаграм профил како фотографка/блогерка?
– Би го опишала како место каде може да се види комбинација од моите мисли, емоции и моментални интереси и активности.
5. Кои се за тебе топ 5 инстаграмџии?
– Од македонските имам повеќе, но би ги одвоила @krstevskai , @markomons , @dbl.dzo , @bokimarkov , @aaaesthete , а инаку еден од омилени инста профили ми е @witchoria .
6. Лето или зима?
– Пролет и есен. 🙂
7. Зошто October?
– October е лик од хорор филм со кој се идентификував уште пред многу години кога прв пат го гледав тој филм и од тогаш почнав да го користам како nickname. Можеби звучи чудно, но хорор филмовите имаат големо влијание врз мене, мојот стил и мојот живот на секое поле, па така и ова не е исклучок.

Tоа беше краткото интервју што го имавме со Дона,а вие во продолжение, уживајте во еден мал избор на фотографии, за повеќе посетете го нејзиниот инстаграм профил.

…they do. #theylooklikepeople #horrormovies #horrorlover #allwhiteeverything #инстаграмџии #donnaoctober ©

A photo posted by Dona Nedelkovska (@donnaoctober) on

#crimeandguilt ? ? #mood #инстаграмџии #weheartit #donnaoctober ©

A photo posted by Dona Nedelkovska (@donnaoctober) on

 

#movienight ? ? #thefunhousemassacre #horrormovies #horrorlover #donnaoctober ©

A photo posted by Dona Nedelkovska (@donnaoctober) on