Се крие некоја магија во катните гаражи во Скопје. Постојано нè интригираат со нивниот изгледа, а често и локацијата не им е воопшто лоша. Така што, зошто да не ги споделиме со вас овие места од кои излегуваат со сигурност многу кул урбани фотографии.

cover фотка: @petrovskaangela

„Македонска фаланга“ е со сигурност едно од полошите имиња кое може да се даде на ваков модерен објект, ама тоа е… Гаражата се наоѓа ТУКА, а како кул место за фоткање ја открив откога Beatrix Crew ја одржаа својата втора хип-хоп претстава „Делови“ на кровот на објектот. Неверојатен и интересен концепт, дефитивно поразлична локација за еден ваков креативен проект (кратко видео од претставата може да најдете ТУКА).

#tb to our show from last year #Pieces #beatrixcrew @skrozbala piece @j0qnq

A post shared by Beatrix Dance Studio (@beatrixcrew) on

Она што е кул за самото место е погледот кој се простира долж булеварите „Св. Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“ (а ако појдете приквечер, можете и да го фатите зајдисонцето во целина-само погледнете накај зградата на Нова Македонија). Од самиот релјеф на фасадата кој прави игра на сенки преку ден, до осветлените панели на истата навечер, објектот ви пружа различни делови кои се скроз фотогенични.

Ѕирнете како ние и неколку од локалните инстаграмџии најдоа инспирација во објектот подолу.

Преку ден- фасадата може да ве инспирира за кадри од овој калибар

За љубителите на портрети, Скопје е одлична позадина

* thinks about pizza * #vscobalkan #vscocam

A post shared by Elena Vasilevska ☁ (@vasilevska_elena) on

Golden hour од кровот изгледа вака

Дополнување #инстаграмџии #rebornphoto

A post shared by Angela Petrovska (@petrovskaangela) on

Light play #rebornphoto #инстаграмџии

A post shared by Angela Petrovska (@petrovskaangela) on

А приквечер скроз може да си поиграте со неонските светла, или пак да го искористите погледот кон улиците до максимум

↑ Фотограф:Филип Ѓорѓиоски

Или евентуално искористете ги отворите во фасадата како природна рамка (@dbl.dzo not included)

А за оние кои ги интересира повеќе за самата креација на овој објект, зад него стои група автори – Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, во соработка со Милан Мијалковиќ, авторот на фасадата, од фирмата ППАГ од Австрија. Интересно е тоа што самата гаража како објект е дури и наградувана, ова дело се пласираше меѓу првите пет архитектонски решенија во групата паркинг објекти на „Платформата за архитектура и дизајн Архитајзер“ на светско ниво.

А сега, што чекате, апаратите и телефоните в рака, фоткајте и тагнете ги вашите фотографии од катната гаража „Македонска фаланга“ со #instagraphytk. Кој знае, можеби и ќе се пронајдете во некоја од нашите селекции на фотки на неделата.

Фотограф: Ангела Петровска (освен ако не е наведено поинаку, или фотографијата е линк-ната од Инстаграм)