Единствен начин да зачуваш спомен е или да го запишeш во дневник или да го фотографираш моментот.

Решив да направам еден многу тежок избор: да изберам најдобри фотки споделени на Инстаграм со нашиот хаштаг. Изборот е навистина доста тежок, затоа што  избираш една од милион приказни споделени низ фотографија.

Неопислива благодарност изразуваме до сите инстаграмџии кои во текот на оваа 2016 година споделуваа фотографии со хаштагот #instagraphytk и неизмерно ни даваа поддршка, па така ние за возврат во 2017 година ќе ви приредиме изненадувања ?.

Скролајќи и прегледувајќи над 23 илјади фотографии, избравме 100 најдобри фотографии.

Уживајте во фотките,  бидете среќни и фотографирајте!