regular

Како да направите фотографија со елементи што се движат

Сигурно сите сте погледнале фотографии со елементи што се движат(нешто како гифчиња) и сте посакале и вие да направите но не знаете како… или пак сте немале идеја. Станува збор за cinemagraphs. Во постов ќе разјаснам за што станува збор, ќе ви покажам како се изработува таков вид на фотографија со помош на фотошоп па дури и со апликации за на вашиот мобилен смартфон.

regular

Instagraphy на Paratissima: Како си поминавме на нашата прва одржана панел дискусија

Пред речиси еден месец, сосем случајно не исконтактира Кристина од Paratissima.
Муабетот одеше вака: „Дечи ептен кул ви е ова што го работите со #Инстархитекти, многу интересно е. Јас сум Кристина од Paratissima и сакав да ве прашам дали сакате да направиме некаква соработка.“

Си се договоривме на пиво, си направивме муабет и ни даде простор да бидеме дел од овогодинешната програма на Paratissima #4.
После малку размислување за што да зборуваме, јас и @dbl.dzo се спогодивме тоа да биде под наслов: „Суштината и моќта на Инстаграм како платформа за креативци“

Она што значеше предавање го поделивме во две полувремиња:

  • Прво Полувреме: Кориснички насочен Инстаграм
  • Второ Полувреме: Маркетинг моќта на Инстаграм и бизнис профилите

Она што го зборувавме и дискутиравме се развлече на речиси 2 часа дискутирање, а она што позитивно, ама најпозитивно не изненади, беше присуството на публика што ги надмина нашите очекувања и дефинитивно фидбекот на публиката на нашите прашања и загатки.

Да не должам премногу. Има и фотки да видите како тоа изгледаше. Благодарност до волонтерите не Paratissima за фотографиите и до публиката.
Се надеваме дека наскоро ќе имаме уште некоја ваква кул панел дискусија.

 

regular

ФОТОПАТУВАЊЕ: NEW YORK со @bmihael

Eдна од животните желби (покрај таа да купам DSLR) е да го посетам Њу Јорк со сите свои и добри лоши страни. Нооо, затоа што тоа е (засега) неостварливо, најблиску што можам да бидам до NYC е преку фотографиите на @bmihael

@instagraphy.net_