Панк-рок пикник на брод! ( доделуваме две БЕСПЛАТНИ карти! )

0
36
views
ДИЗАЈН: АЛЕК ИЛИЕВСКИ

United Along the Lake! – панк-рок пикник на брод! Да, убаво прочитавте панк-рок пикник на брод, колку звучи кул!

Каде? Кога?

Самиот панк-рок пикник ќе се одржи на 8-ми јули(сабота), со поаѓање од градско пристаниште во Охрид, во 18:30 часот.

Четири бендови, четири музички правци, четиричасовна журка, промоција на албум, диџеј и брод. Вака накратко може да се опише долгонајавуваниот панк-рок пикник, кој идниот викенд ќе се одржи на бродот Александрија во Охрид.

Мрсниот приградски хардкор Трендкил, битолските панкери Кактус, охридските The Author и Комунална Хигена, како и единствениот Томче Rootboy Selector од Струга, најавуваат одлична панк-рок забава во срцето на езерото.

Картите во строго ограничен број по цена од 350 денари можат да се набават во Мјузик Шоп ЗЗ Топ во Охрид, во Артикултура во Битола, кај Калин во Скопје, односно Томче Рутбој во Струга.