Таг

instagraphytk

regular

ФОТКИ НА НЕДЕЛАТА

Ги оставаме зад себе камповите, фестивалите и дождот, и се враќаме пополека во нашиот шаблонски-воден живот. Дур вие се уште си ги вртите во глава омилените песни на кои сте танцувале во дождот, ние ви припремивме мала селекција на фотки од изминатата недела.

regular

Инстапортрети

Не знам зошто сабота, јас слободен, а се разбудив уште во 8, но тоа нема врска, си направив кафе, седнав пред компјутер и почнав со утринските ритуали. Читање по портали и вртење на youtube и во тој момент ми текна, да разлистам дали имаме некој интересен портрет користејќи го нашиот таг #instagraphytk, сепак веќе надминавме 35000 означени фотографии. Велат дека портретната фотографија знае да биде тежок стил, потребно е само во еден кадар да фатиш што е можно повеќе емоции и на гледачот да му ја претставиш личноста без зборови, но за утринска филозофија во некој друг пост. На мое големо изненадување имаше доста добри фотографии, па еве во продолжение една мала селекција за кршење на мразот. Уживајте

кавер фотка на @maleficarum_

regular

Домашно мини фото студио

Фотографијата не мора да биде поврзана само со фенси гаџети и фенси технологија иако така е позабавно. Фотографијата треба да биде начин да направиш нешто со тоа што е околу тебе, визуелно да ја раскажеш приказната или да продадеш некој производ. Еве неколку совети за како да си направите едно мини домашно студио на мал буџет.

@instagraphy.net_