Имаме огромно задоволство да разговараме со Лиле Клинчарова, еден од креаторите во “Радост ми е – прва македонска фабрика за радост”, каде може да се најдат најуникатните рачно изратени шољи за кафе со кои може да се стартува работниот ден.

1.Која е основната идеа на Радост ми е? Имате многу интересно мото – фабрика за радост, може ли да ни објасните малку повеќе за тоа?

– Основната идеја и мотото на Радост ми е – прва македонска фабрика за радост, е дека преку нашите чашки создаваме ефект на радост кај оние кои ги користат. Сите сакаат да се напијат и уживаат во утринското кафе во интересно дизајнирана чашка која ќе им разбуди многу пријатни емоции.

2.Што Ве прави поразлични од останатите? Од каде ја црпите инспирацијата?

– Со оглед на тоа што нашите чаши се рачно цртани, и истите се со навистина голема љубов и внимание создадени, крајниот резултат на истите се она навистина што би рекла дека не прави уникатни. Инспирацијата ја црпиме како од нашето така и од секојдневието на нашето опкружување, најчесто од патувањата, street art, но секако и доколку има некој одреден повод како на пр. Valentine, Haloween, 8ми Март итн.

3.Дали досега сте работеле на некоја интересна нарачка, односно која е најоргиналната чашка која од Вас е побарана?

– Процесот на креирање и создавање на една чаша е самиот по себе е интересен и уникатен, но како една од најинтересните, но и најдобри нарачки досега дефинитивно би го одвоила дизајнот на чашата со ликот на Никола Тесла. Секако не би сакала да ги заборавам и чашите со ликовите на милениците на клиентите како на пример чаши со Француски Булдог, Териер.

4.Колку време е потребно за изработка? Какви материјали употребувате?

– Процесот на изработка и доставување е за ден, два во зависност од илустрацијата. Во однос на материјалите, се користат исклучиво специјални бои за сликање на порцелан, како и маркери за порцелан. Истите се водоотпорни и долготрајни за употреба.

5.Кои се плановите за во иднина и како може се нарачаат чашките?

–  Во тек на подготовка е еден многу интересен проект кој верувам дека  ќе им се допадне на сите љубители на готвењето и на чашките. Сите кои сакаат да подарат уникатна чашка по било каков повод на најблиските може да не исконтактираат на нашата фб страна “Радост ми е”,но и на нашиот Инстаграм профил radostmie.